Анкета за инвестиции на ЕИБ
АНКЕТА ЗА ИНВЕСТИЦИИ НА ЕИБ
Способноста да се следат промените во деловните и инфраструктурните инвестиции, да се идентификуваат потребите за инвестирање и да се разберат ограничувањата што ги спречуваат инвестициите, е од витално значење за ефективно креирање политики за поддршка на растот и создавањето работни места низ Европа и САД. Годишното истражување на Групацијата ЕИБ за инвестиции и финансирање на инвестиции (ЕИБИС) ќе помогне да се реши овој предизвик.
Европската инвестициска банка (ЕИБ) е банка на Европската унија. Таа е во сопственост на земјите-членки на ЕУ и ги застапува нивните интереси, тесно соработувајќи со другите институции на ЕУ за спроведување на политиката на ЕУ, поддржувајќи ги инвестициите на фирмите и јавниот сектор низ ЕУ и ширум светот. Групацијата ЕИБ ја сочинуваат Европската инвестициска банка и Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ).
ЕИБ го ангажираше Ипсос за спроведување на истражување за инвестиции . Истражувањето го сочинуваат годишни бранови. Овогодинешното истражување ќе биде спроведено од Ипсос телефонски од март 2026 до јуни 2026. Сите обајавени наоди ќе бидат анонимни.
Истражувањето се состои од еден модул:
Главниот Инвестициски модул кој таргетира околу 14,300 малии и средни претпријатија и големи корпорации низ ЕУ, Западен Балкан и САД.
ИНВЕСТИЦИСКИ МОДУЛ
Што е двигател на деловните инвестиции во Европа и Соединеите Држави? Што ги спречува?
Главниот модул на истражувањето вклучува анкета со околу 14.300 мали и средни претпријатија и поголеми корпорации низ ЕУ, Западен Балкан и САД:
• Собира податоци за карактеристиките и перформансите на фирмата, минати инвестициски активности и идни планови, извори на финансии, финансиски прашања и други предизвици со кои се соочуваат бизнисите.
• Дизајниран е да биде репрезентативен за различни сектори, големини на фирми и сите земји-членки на ЕУ, Западен Балкан и САД.
• Дизајниран е да изгради панел од цврсти и споредливи податоци за фирмата за да овозможи анализа на трендовите на инвестициите и деловното опкружување со текот на времето
• Ќе се користи како основа за политичкиот дијалог за двигателите и бариерите за инвестиции и како поддршка за креирање на подобри политики за поддршка на бизнисот и на национално ниво и на ниво на ЕУ.
Доколку сакате да ги видите резултатите од минатогодишната анкета, ве молиме одете на: https://www.eib.org/en/publications/20250216-econ-eibis-2025-eu
Кој е поканет да учествува?
Панел испитаници: Испитаници кои учествувале во претходниот бран на истражувањето во 2025 и дале согласност повторно да бидат контактирани
Нови испитаници: Бизниси со пет или повеќе вработени од нефинансискиот корпоративен сектор низ земјите-членки на Европската унија, регионот на Западен Балкан и САД кои се избрани по случаен избор. Во рамките на овие бизниси, покануваме постаро лице кое најдобро може да зборува за инвестициите на неговата/нејзината компанија.
Избраните бизниси се активни во економските категории наведени под точките C до K во NACE базата на податоци.
Подготовка за истражувањето
За да ви помогнеме да ја изберете вистинската личност во вашата организација за учество и да се подготвите за анкетата, создадовме листа со прашања пред интервјуто. Другите учесници ни кажаа дека би им било корисно однапред да ги видат овие прашања.
Кои дополнителни уверувања можеме да ви ги дадеме во врска со анкетата?
Би сакале учесниците во анкетата да знаат дека:
• Сите анкети ќе се спроведат во согласност со Кодексот на однесување за истражување на пазарот на ESOMAR (Светската асоцијација на истражувачи професионалци). Ова значи дека сè што ќе кажете ќе биде третирано како доверливо и вашите одговори ќе бидат пријавени само на збирно ниво заедно со сите други организации кои учествуваат.
• Вашите податоци од истражувањето ќе бидат поврзани со јавно достапни податоци за компанијата, што значи сите постоечки податоци од комерцијални бази на податоци како што се Moody’s ORBIS, Dun&Bradstreet или податоци од веб-страници како оние од ОЕЦД, Евростат, Европската комисија или веб-страницата на вашата компанија, но вашата доверливост ќе биде зачува во објавените резултати.
• Сè уште би сакале да разговараме со вас, дури и ако не сте имале никакви проблеми со пристапот до финансии, за да ни помогнете да се осигураме дека нашите наоди се репрезентативни за сите организации.
• Збирните, анонимизирани наоди од истражувањето ќе бидат објавени со цел да им се помогне на бизнисите како вашиот.
Доколку имате било какви дилеми или би сакале да добиете повеќе информации во врска со истражувањето, ве молиме контактирајте со Билјана Петрова / Јадранка Маркоска од Ипсос (Biljana.Petrova@ipsos.com / Jadranka.Markoska@ipsos.com) или Европската инвестициска банка (eibis@eib.org).
Приватност | Cookie Policy | EIB | Ipsos © Ipsos 2026

